Прекин во водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во селото Копаница во општина Сарај, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што се посочува, е уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. во селото.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, информираат од претпријатието.
