Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Без растојание, контра препораките за заштита од Ковид 19 започна судскиот процес против Панчевски

Контра препораките за заштита од Ковид 19, без никакво растојание во Основниот…

Сподели:

Контра препораките за заштита од Ковид 19, без никакво растојание во Основниот суд во Велес, започна судскиот процес против екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. Тој беше спроведен од затворот Шутка, каде според одбраната противзаконски е во притвор. Неговиот адвокат Петро Јанура во судница неколку пати повтори дека Панчевски не бил правосилно разрешен од позицијата судија, односно немало одговор на жалбата до Врховниот суд. Тоа значи дека се уште има имунитет и не може да биде притворен. Сепак судијката Валентина Ѓорѓиевска реши да не се произнесе по ова барање, велејќи дека веќе имало жалба пред Апелација, па тие ќе одлучеле.

-Овој притвор не само што беше непотребен, него овој притвор е незаконит, бидејќи во списите на предметот судијата не ни истакна дека постои таква одлука и во отсуство на таква одлука со која што која што правосилно не е завршена постапката за негово разрешување, самиот притвор е незаконит, изјави Јанура.

Панчевски кажа дека не разбира за што е обвинет, па не се произнесе дали чувствува вина. Вели дека немало потреба од мерка притвор, бидејќи никогаш немал план да бега.

Реклама

-На 15.07. самиот се пријавив во затвор Скопје, во притворското одделение. Со оглед на тоа што од јавноста дознав дека ми е определен притвор од овој суд. Десет дена воопшто не ми е врачено решението за притвор. Не планирам никакво бегство, кажа пред судот Панчевски.

Од Обвинителството пак тврдат дека Панчевски бил разрешен, но немаа писмена и официјална одлука за такво нешто, туку слушнале од медиумите. Јанура вели притворот е незаконит бидејќи во моментот на барањето и одобрувањето на притворот немало одлука од Врховниот суд за разрешување на Панчевски.

-Судот мора за тоа да има материјален доказ, не е доволно во медиумите да било објавено дека Врховен му ја одбил жалбата. Може информацијата да е точна или да не е точна, битно е во самиот судски предмет да постои доказ, изјави Јанура.

Владимир Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот во Основниот кривичен суд додека бил претседател, односно дека давал лично предмети на рака кај судиите.

Матеја Петровски