Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Берово ќе биде домаќин на јавна расправа за Регионалниот план за управување со отпад

Во организација на Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, утре во Берово ќе се одржи јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион. Како што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, утре во Берово ќе се одржи јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион.

Како што информираат од Општина Берово, јавната расправа ќе се одржи во зградата на Општината со почеток во 11 часот, а настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани.

Според најавата, во рамки на расправата ќе биде презентиран Регионалниот систем за управување со отпад, при што ќе бидат образложени неговите главни карактеристики, цели и планирани активности. Дополнително, ќе биде даден и преглед на Нацрт-извештајот за стратегиската оцена на животната средина, кој ја анализира имплементацијата на Регионалниот план и неговото потенцијално влијание врз животната средина.

Реклама

Од локалната самоуправа посочуваат дека подготвениот Нацрт-извештај за стратегиската оцена на животната средина, како и резимето на Планот, се јавно достапни на веб-страниците на Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион, со цел јавноста навремено да се запознае со нивната содржина и активно да се вклучи во процесот.

Организаторите упатуваат покана до граѓаните, институциите и сите заинтересирани страни да присуствуваат на расправата и со свои предлози и мислења да придонесат во процесот на планирање и воспоставување на регионален систем за управување со отпад, кој треба да обезбеди поефикасно и поодржливо управување со отпадот во двата плански региони.