Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Балкан

Бериша тврди дека 9 земји ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес,  Рама му порача да  почека до мај

Албанскиот премиер Еди Рама, ги отфрли тврдењата на  лидерот на  опозицијата, Сали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот премиер Еди Рама, ги отфрли тврдењата на  лидерот на  опозицијата, Сали Бериша,  за блокади од 9 земји членки на Европската унија, додавајќи дека очекува позитивен развој во процесот на европска интеграција на земјата до мај.

-Вето става една држава. Ако се девет, тоа не е вето, туку гласање. До крајот на април или почетокот на мај ќе се види вистината, порача Рама,  директно обвинувајќи го Бериша, дека шири неточни информации за европскиот процес.

Премиерот нагласи дека членството во ЕУ останува стратешка цел без алтернатива и ги повика партиските структури да ја засилат ангажираноста.

Реклама

-Ова е голема одговорност што ја носиме. Овие реформи ја прават Албанија држава и ја подготвуваат за членство, изјави Рама.

Тој објасни дека процесот на пристапување функционира на две нивоа во ЕУ – техничко, каде се оценуваат реформите, и политичко, каде одлуките ги носат земјите членки со консензус.

-Доволно е една земја да каже „не” и процесот запира. Но, тврдењата дека постојат повеќе вета се неточни“, додаде тој.

Рама наведе дека очекува убедлива победа на локални избори во 2027 година, оценувајќи дека тоа е важно за продолжување на реформите и европската агенда.

Бериша во меѓувреме најави нов масовен антивладин процес за 27 април.