Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Беким Сали на бизнис-форум во Истанбул: Европската интеграција отвора нови можности за инвестиции, развој и економски партнерства

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали учествуваше на бизнис -орумот Македонија – Турција, што се одржува во Истанбул, каде што ја истакна важноста од продлабочување на економската соработка и создавање нови партнерства меѓу двете земји. Во обраќањето Сали нагласи дека Македонија и Турција негуваат исклучително блиски и пријателски односи изградени […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали учествуваше на бизнис -орумот Македонија – Турција, што се одржува во Истанбул, каде што ја истакна важноста од продлабочување на економската соработка и создавање нови партнерства меѓу двете земји.

Во обраќањето Сали нагласи дека Македонија и Турција негуваат исклучително блиски и пријателски односи изградени врз доверба, заемна почит и долгорочно партнерство. Тој истакна дека Турција е еден од најзначајните економски партнери на државата, со значајно присуство на турски компании во индустријата, инфраструктурата, банкарството, образованието и туризмот, кои придонесуваат за економскиот развој и отворањето работни места – информира прес-службата на Министерството за европски прашања. 

Осврнувајќи се на владините приоритети, министерот Сали потенцира дека реформската агенда и планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан претставуваат значајна можност за економски напредок и поголема конкурентност.

Реклама

– Првпат европската интеграција е директно поврзана со конкретни инвестиции, економски раст и постепена интеграција во единствениот европски пазар. Тоа создава нови можности за компаниите, инвеститорите и граѓаните – рече Сали.

Тој ги охрабри турските компании активно да ги искористат можностите што ги нудат ИПА-фондовите, планот за раст на ЕУ и инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) посочувајќи дека коридорите VIII и X остануваат стратешки инфраструктурни проекти од регионално значење.

Сали нагласи и дека постои голем потенцијал за соработка во обновливите извори на енергија, дигиталната трансформација, иновациите, современите технологии и производствениот сектор оценувајќи дека европската интеграција претставува процес на модернизација, конкурентност и просперитет.