Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Бегалецот од правда – Артан Груби, доби „црвен картон“ од Тетовскиот универзитет, веќе не е професор

Бегалецот Артан Груби се збогува со професорската плата. Тетовскиот универзитет го отпушти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бегалецот Артан Груби се збогува со професорската плата. Тетовскиот универзитет го отпушти поранешниот прв вицепремиер, а решението за отказ му го испратиле по пошта, и електронски на службениот и-мејл. Професорот по новинарство, чие име осамна на црната листа на САД, а е во бегство поради сериозни сомнежи за сторен криминал, е избркан од работа поради неоправдано отсуство.

Завршена е постапката со отказ на споменатото лице. Значи веќе не е во работен однос во Тетовскиот Универзитет. Отказот му е пратен по пошта и електронски на службениот и-мејл, изјави за МИА Сафет Емурли – Декан на Правниот Факултет при тетовскиот универзитет.

Груби на Правниот факултет во Тетово работел од 2012 година, но поради  јавната функција, местото било во мирување се до август 2024 година, кога се вратил на работа.

Реклама

Од владејачката „Вреди“ ја поздравија одлуката на тетовскиот Универзитет.

Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите. Универзитетот е институција која мора да промовира интегритет, одговорност и почитување на законот. Човек кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел спротивен на овие вредности не може да биде позитивен пример за младите, велат од Коалиција „Вреди“.

Пред еден месец Стејт департмент го стави Груби на црната листа заедно со судијата Енвер Беџети бидјеќи биле вмешани во корупција преку примање мито за судски предмети. По неколку дена, беше започната кривична постапка во предметот „Државна лотарија“, но во меѓувреме, тој избега од Македонија.

Груби е осомничен за сторен милионски криминал во Државна лотарија заедно со поранешниот тамошен директор Прпарим Бајрами кој исто така од поодамна не е во државава. За истиот случај кривична пријава добија уште четири други лица. МВР му поднесе кривична пријава и на поранешниот премиер Димитар Ковачевски како и на екс генералниот секретар на владата Методија Димовски. Сепак засега, обвинителството се уште нема докази да ги процесуира – но случајот останува отворен.