Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Бегај го пречека началникот на Генералштабот на македонската армија Лафчиски

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го прими началникот на Генералштабот на македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го прими началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал-мајор Сашко Лафчиски. 
 
-Средбата се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете соседни земји, сојузници на НАТО, како и на важноста на регионалната координација во услови на безбедносни предизвици, објавија од кабинетот на Бегај. 
 
Шефот на албанската држава искажал „висока оценка за придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО“. 
 
-Во контекст на новата геополитичка динамика, претседателот Бегај  ја истакна потребата од зголемување на инвестициите во безбедноста и одбраната, инвестирање во коридорот VIII, кој е од стратешко значење за регионот и Алијансата, како и зголемување на придонесите во колективната одбрана, стои во соопштението. 
 
За посетата на македонската делегација објави и Началникот на ГШ на албанската армија Арбен Кинѓи. 


 
-Посебно задоволство беше да го пречекам на официјална средба началникот на Генералштабот на вооружените сили на Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со кого разговаравме за најновите случувања во вооружените сили, безбедносната состојба во регионот и заедничките меѓународни придонеси во рамките на Алијансата, напиша Кинѓи и во објава на Фејсбук. 
 
Додава дека го потврдиле значењето на зајакнувањето на воената соработка, особено во заедничките вежби и обуки. 
 
Како дел од агендата на посетата, Лафчински оствари средба и со министерот за одбрана, Ермал Нуфи, а го посети и Полкот за специјални операции.