Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Бегај ги прими акредитивните писма од амбасадорот Трпевски

Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, денеска ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски.  -Првично, на средбата со амбасадорот Трпевски, Бегај ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Македонија. Ја изрази својата посветеност на понатамошно зајакнување на овие односи во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска перспектива, соопштија од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, денеска ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски. 
 
-Првично, на средбата со амбасадорот Трпевски, Бегај ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Македонија. Ја изрази својата посветеност на понатамошно зајакнување на овие односи во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска перспектива, соопштија од кабинетот на Бегај. 
 
Бегај оценил дека Албанците во Македонија се “фактор за градење на државата и гарант за стабилноста, демократијата и евроатлантската ориентација на земјата”. 
 
-Тие остануваат најсилниот мост на пријателство, соработка и природни врски меѓу нашите две земји,  рекол тој. 
 
Веле Трпевски беше амбасадор на Македонија во Албанија, а претходно и во Австралија. 

Тој доаѓа на местото на Данчо Марковски, чиј мандат заврши на крајот од 2024 година, по што вршител на должноста, до пензионирањето, беше Љуфтим Спахиу а од средината на минатата година Радмила Стојмировска.