Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Балканскиот ендемит астрагалус во фокусот на одбележувањето на Меѓународниот ден на растенијата

Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението „Полимат 13“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението „Полимат 13“ од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус, која во Македонија расте токму на подрачјето на општина Богданци.

Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението, е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red list of Threatened Species), како и на домашната прва црвена листа на загрозени видови. 

– Подрачјето, каде што расте астрагалусот, претставува идно Natura 2000 подрачје, кое е од исклучителна важност за зачувување на растителниот диверзитет во Македонија. За таа цел, од 2015 секоја година во април и мај организираме пешачења по т.н. патека на астрагалусот за заинтересираните граѓани и организации. Во соработка со училиштата од Богданци и регионот организираме и посети на живеалиштето на астрагалусот за групи ученици што на овој начин ги едуцираме за значењето на локалниот биодиверзитет и заштита на животната средина – вели Надица Маџирова, проектен координатор во  здружението „Полимат 13“.

Реклама

Од оваа граѓанска организација велат дека нивната главна цел е да направат основа за заштита и грижа за подрачјето, каде што вирее астрагалусот, првенствено на локалното подрачје, но и на национално ниво.

– Во мај традиционално организираме Ден на астрагалусот, настан кој има цел да ги едуцира младите луѓе и целото население од нашиот крај за природните вредности, кои како локална заедница ги имаме, за значењето на природата и за подигнување на свеста за заштита на животната средина. Оваа година четврти пат Денот на Астрагалусот ќе се одржи на 16 мај со интересни содржини за најмалите, ликовна работилница, натпревари, квизови, музички настапи ќе се одржат во градскиот парк во Богданци, секако со фокус на растението астрагалус – вели Маџирова и додава дека целта е да се вклучат помладите за да поминуваат активно време во природа, да научат да се грижат за животната средина и да ги ценат нејзините вредности.

Астрагалусот народно познат како меурест козинец спаѓа во групата на диворастечки растенија, кое може да се размножува со помош на долгите корења, па затоа и најчесто се сретнува во групи од повеќе единки. Цвета во периодот од април до мај, има привлечни розови или бледорозови цветови. Некои видови од родот астрагалус имаат разни употреби, меѓу нив има и лековити видови, а за меурестиот козинец нема познати податоци дека може да се употребува за медицински или индустриски цели. Освен во Македонија, го има само уште на неколку локалитети во Бугарија, Грција и во Турција.