Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Бајден: Оруженото насилство ги уништува американските заедници

“Пукањето во средното училиште градот Виндер, Џорџија, при што загинаа четири лица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Пукањето во средното училиште градот Виндер, Џорџија, при што загинаа четири лица, претставува „уште едно ужасно потсетување дека насилството со оружје продолжува да ги уништува нашите заедници“, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден.

-Џил и јас жалиме по оние чии животи беа прекинати поради бесмисленото насилство со оружје и мислиме на сите чии судбини засекогаш се променија, се вели во изјавата објавена од Белата куќа.

„Ученици низ целата земја учат како да се скријат од заканите, наместо да учат да читаат и пишуваат. Нема да го прифатиме ова како нормално.

Реклама

“Бајден изјави дека администрацијата ги координира своите активности со претставници на федералните, државните и локалните власти и изрази благодарност до вработените во службите за итни случаи кои го задржале осомничениот и спречиле понатамошни жртви.

-Моја лична цел стана да се запре оваа епидемија на насилство со оружје.

Затоа потпишав двопартиски закон за иницијативата за безбедност на заедниците — најзначајниот закон за контрола на оружјето во последните децении, и применив десетици извршни мерки за повеќе  безбедност.