Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Свет

Бајден ќе им го додели престижниот Медал на слободата на Меси, Винтур и Боно

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе им одликува 19 познати личности со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе им одликува 19 познати личности со Претседателскиот медал на слободата, непосредно пред крајот на неговиот мандат.

Наградата – највисокото цивилно признание во Соединетите Американски Држави – треба да им се додели на фудбалската ѕвезда Лионел Меси, кошаркарската легенда Ервин „Меџик“ Џонсон, модниот дизајнер Ралф Лорен, актерите Мајкл Џеј Фокс и Дензел Вашингтон и рок музичарот Боно од бендот U2, меѓу другите, се вели во соопштението на Белата куќа.

Престижната награда им се доделува на „поединци кои дале примерен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“, се потенцира во соопштението.

Реклама

Овогодинешните добитници ги вклучуваат и конзерваторката Џејн Гудал, филантропот Џорџ Сорос, модната икона Ана Винтур и поранешниот претседателски кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп треба да го наследи Бајден на 20 јануари.