Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Бадникови поворки во Штип и Карбинци ќе го најават Христовото раѓање

Бадникови поворки во Штип и Карбинци традиционално ќе го најават Христовото раѓање.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бадникови поворки во Штип и Карбинци традиционално ќе го најават Христовото раѓање.

Милена Ристова-Михајловска од Бадникови поворки за Штип вели дека од 10 часот од соборниот храм „Свети Никола“ околу 400 дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот бог“, ќе го најават Христовото раѓање. Со жолтите ѕвездички и пештерката ќе се движат од храмот „Свети Никола“ до плоштадот „Слобода“.

– Деветта година по ред ја најавуваме Бадниковата поворка во Штип. Ги повикуваме сите деца, младинци и возрасни да се вклучат во највеличествената Бадникова поворка, така што на 6 јануари со почеток од 10 часот, од храмот „Свети Никола“ ќе се движиме кон плоштадот „Слобода“ пеејќи ја песната Вечниот Бог“, вели Ристова – Михајловска.

Реклама

Трета година по ред се организира Бадникова поворка и во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека над 150 дечиња пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, ќе го најават христовото раѓање. Дополнително општината обезбеди пакетчиња за дечињата и упати покана до сите масовно да се вклучат во поворката.

-Трета година Општина Карбинци заеднички со црквата ги организираме Бадниковите поворки. Обезбедивме 150 божикни пакетчиња, кои ќе бидат поделени на учесниците односно на дечињата, кои ќе ја предводат поворката. Очекувам и оваа година масовно да се приклучат сите дечиња, со цел да се најави раѓањето Христово, рече Паунов.