Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Азир Алиу: Наша цел е сите клиники да бидат инфраструктурно и технолошки вака опремени и со добар кадар

Денес заедно со премиерот Мицкоски ја посетивме Клиниката за детски болести по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес заедно со премиерот Мицкоски ја посетивме Клиниката за детски болести по повод завршување на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти.

– За да биде здравството поблиску до граѓаните има три столба коишто директорот денес ни ги претстави – инфраструктура, добри технологии во работата и добро обучени доктори. Голема благодарност до директорот Мемеди за тоа што го видовме пред и после реализираните проекти, нашата цел е сите клиники да бидат инфраструктурно и технолошки така опремени и со добар кадар, истакна при денешната посета министерот за здравство, Азир Алиу.

Директорот на клиниката, Реџеп Мемеди информираше дека веќе се реализираат активности за зајакнување на кадарот, клучен предуслов за функционален и одржлив здравствен систем. Во тек е реализација на нови вработувања за доктори, административен кадар, медицински сестри, лаборанти и биолози. Исто така, е завршена е постапката за вработување четворица специјализанти, а наскоро ќе се објави и нов оглас за тројца лекари, за кои веќе се добиени согласности. Во претстојниот период ќе бидат воведени три медицински процедури и ќе се отвораат нови кабинети за хемодијализа и ултразвучна цистографија на одделот за нефрологија, обезбеден е и апарат за стрес-тест на одделот за кардиологија.

Реклама

Поддршката од Владата е оперативна и се препознава со секоја подобрена болничка услуга и со секое дете што ќе добие третман каков што заслужува.

На новинарско прашање, министерот информираше дека од денес има нова веб страница на Министерството за здравство, поставена е апликација за отворен кабинет, преку која граѓаните ќе имаат можност од наредната недела секој петок да се пријават од 10 до 15 часот и да закажат за 15-минутна средба со министерот.