Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Економија

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Според Азески, за ова прашање треба да се разговара, да седнат трите страни, работниците, Владата и работодавачите и да се дојде до најдоброто решение.

-Ние можеме да одиме со какво сакате зголемување на минималната плата која утре нема да биде исплатена и тоа ќе донесе поголеми тешкотии за вкупната економија во државата, истакна Азески, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Реплек“ АД. 

Реклама

Тој е дециден дека бизнисот не може да функционира без работниците и тие, рече, не смее да бидат маргинализирани, но во целиот процес, како што напомена, има и работодавачи и држава.

-Секој треба да си понесе дел од својата одговорност. Само така може да се постигне ефикасен економско-социјален дијалог. Ние сакаме работниците да имаат поголеми плати, работодавачите да остваруваат поголеми профити од државата, потенцира претседателот на Комората.

Во однос на владината одлука да се зголеми квотата на странски работници во Македонија, тој истакна дека ако подолго време образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ќе мора да увеземе работна рака. 

-Ако констатираме дека долги години образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ова е резултат што сега го гледаме и ќе мораме да увеземе работна рака. Но, земјите од каде што доаѓаат, мислам дека за нив Македонија е транзитна земја зашто и тие вакви не не перцепираат, бараат поразвиени земји. Се наоѓаме во ситуација на геополитичко преструктуирање во кое се измешаа работите на секој план, особено во однос на квалификуваната работна сила и не можат да се дадат прецизни дефиниции, но ние настојуваме прашањето да го решиме сами и да ги оспособиме нашите луѓе зашто менталитетот и навиките за работа на луѓето кои доѓаат се подруги и треба предимство да добијат домашните субјекти. Тоа го правиме преку дуалното образование, 500 училишта и компании имаат склучено такви договори, а работиме и во делот на високото образование, лично ова би го третирал како прашање кое е моментално актуелно и би бил мотивиран побрзо да си ги решиме работите, да оспособиме наш кадар, рече Азески.