Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Азески на работна средба со градоначалникот на Битола, Коњановски

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе реализира работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе реализира работна средба во општина Битола со градоначалникот д-р Тони Коњановски, на која ќе се разговара за активности кои треба да се преземат на локално ниво, за развој на стопанството во битолскиот регион. Патната и гасна инфраструктура, како клучни приоритети во интерес на бизнисите се тема на состанокот, на кој ќе присуствуваат и членовите на Управниот одбор на Регионалната комора во Битола, при Стопанската Комора.

Во делот на гасификацијата, досега е завршен главниот магистрален гасовод Неготино-Битола во должина од 92 километри, и потребно е да се отпочне со изградбата на примарната (дистрибутивна) гасификациона мрежа во градот, за кои што општината веќе има изработено основни проекти.

РЕК Битола како клучен инфраструктурен индустриски капацитет во целиот регион, придонесува со околу 65% од вкупното производство на електрична енергија во државата, а заклучно со декември 2025 година, на територијата на општина Битола инсталирани се околу 120 приватни фотонапонски централи, дел на кровни конструкции на компаниите (под еден мегават), дел на почва (исто така до еден мегават електрична енергија). Се проценува дека приватните инвеститори имаат вкупна инсталирана моќност во битолскиот регион од 35-45 мегавати.

Реклама

Потребите од кадар за бизнисот остануваат во фокусот на врните прашања за кои секојдневно се разговара и се иницираат активности од страна на бизнис заедницата. За таа цел бројќите покажуваат дека, во средните училишта во Битола и околина има околу 4.000 запишани ученици од кои половина во средните стручни училишта.

Битолскиот регион има околу 5000 правни субјекти и придонесува со 9 до 10% во Бруто домашниот производ на нашата држава. Како дел од коридорот 10, патната и железничката инфраструктура во регионот е од суштинско значење, односно реализација на автопат Прилеп – Битола 40 километри и обиколница Битола – Меџитлија 19 километри.