Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Азески и Управниот одбор на Стопанската комора во посета на „ТИТАН Усје“

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со членови на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со членови на Управниот одбор, денеска ќе оствари работна средба со главниот извршен директор на „ТИТАН Усје“, Константинос Николау, во кугот на фабриката. 

Од Комората информираат дека „ТИТАН Усје“ со години е активен член во бизнис-заедницата и компаниијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и процеси на декарбонизација. Според нив, компанијата работи во согласност со принципите на зелената економија, со цел постигнување оперативна извонредност, намалување на трошоците и зајакнување на конкурентноста на пазарот.

Стопанската комора потенцира дека, застапувајќи ги интересите на своите членки, пред институциите секогаш настапува аргументирано и со конкретни анализи. Од Комората посочуваат дека ваквиот пристап е клучен при креирањето политики и носењето одлуки, кои ги засегаат економскиот амбиент и индустрискиот развој во државата.