Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

„Авенга академи“ ја лансираше LearnAI Lab: Идеално креирана програма за брза адаптација на ВИ

Водечкиот  едукативен и тренинг центар  „Киншифт академи“ (претходно познат како „Сеавус едукативен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водечкиот  едукативен и тренинг центар  „Киншифт академи“ (претходно познат како „Сеавус едукативен центар“), го најави своето ребрендирање во „Авенга академи“ (Avenga Academy).

„Авенга“ академијата е дел од неодамна ребрендираната глобална технолошка компанија „Авенга“. Во Македонија, „Авенга“, претходно „Киншифт“, во себе ги припои најголемата ИТ компанија „Сеавус“, како и „Мусала Софт“, задржувајќи го приматот на ИТ пазарот.

Воедно, „Авенга“ академијата започнува ново поглавје, проширувајќи го своето портфолио на услуги преку – LearnAI Lab, програма што е идеално креирана за да ги диктира најновите трендови за примена на вештачка интелигенција во бизнис секторот.

Реклама

Новата програма на „Авенга“ академијата, доаѓа заедно со прославувањето на 15 години од работењето на едукативниот центар кој брои над 20.000 задоволни клиенти.  Ова е потврда за модерното и применливо знаење и вештини со кои многумина успеваат да ги променат своите кариери и да зачекорат во ИТ светот.

Нова програма на Академијата е вистинскиот одговор на потребата од брза адаптација во ерата на вештачката интелигенција. Програмата е уникатен спој на консултативни услуги и палета од обуки кои на компаниите ќе им помогнат да го забрзаат процесот на раст и трансформација со помош на вештачката интелигенција, а со тоа ефикасно да ја зголемат својата компетитивна вредност.

Директорката на „Авенга“ академијата, Весна Ивановска, на настанот на кој беше претставен новиот бренд и  новата програма, истакна дека, нивното мото „технологија и знаење кои вредат“ како никогаш досега ја истакнува потребата од внимателна проценка при изборот на образование и партнер за негова имплементација.

 „Најголемите придобивки од технологијата доаѓаат кога правилно ќе се проценат и насочат човечкиот потенцијал и креативност но и подготвеноста и довербата да се биде дел од трансформативни промени – или како што популарно знаеме да кажеме, не е вештачката интелигенција таа што ќе го промени вашиот бизнис, туку тоа се луѓето кои ќе знаат правилно да ги искористат можностите што истата ги нуди“ , истакна Иваноска.

На настанот се обрати и директорот за Delivery на „Авенга“, Андреа Тодоровски, кој ја елаборираше моќта на компанијата која брои над 6000 врвни експерти ширум светот.

Водечкиот експерт за програмата LearnAI Lab, Миодраг Цекиќ образложи на кој начин истата е идеално креирана да ги детектира сегментите во кои ВИ може да ги унапреди бизнисите, да создаде наменски дизајниран софтвер за нивните потреби, како и обука на кадарот.

Како специјален гостин на настанот се обрати лидерот на глобалниот тим за вештачка интелигенција и обработка на податоци на „Авенга“,  Петјо Димитров, кој се осврна на предизвиците и можностите што вештачката интелигенција ги создава за работната сила на глобално ниво, посочувајќи какви стратегии треба да применат бизнисите со цел максимизирање на позитивните ефекти од овој глобален тренд.

„Авенга“ денес обединува повеќе од 6.000 професионалци кои работат низ Европа, Америка и Азија, за глобални компании од областа на финансиите, телекомуникациите, автомобилската индустрија, производството и биолошките науки, обезбедувајќи врвна индустриска експертиза и силни капацитети за испорака во областа на дигиталните платформи, обработка на податоци, развој на стратегии за вештачка интелигенција, модернизација на cloud-инфраструктури и управување на сервиси.