Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Атлети, волонтери и ученици твореа на работилницата „Уметноста на инклузијата“ на Специјалната олимпијада

Со креативна работилница и заедничко уметничко творење изминатиот викенд во Основното училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со креативна работилница и заедничко уметничко творење изминатиот викенд во Основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во Скопје беше реализиран настанот „Уметноста на инклузијата“, во организација на Специјалната олимпијада Македонија и со поддршка на НЛБ Банка, чија цел е поттикнување социјална инклузија преку уметност.

Креативната работилница претставува дел од пошироката стратегија на Специјалната олимпијада Македонија за поттикнување социјална инклузија.

– Настанот понуди јасен пример за инклузија во пракса, каде што атлетите од СОМ, под менторство на уметницата педагог Мирослава (Микица) Трујкановиќ, преку боите и уметничкото изразување покажаа како се надминуваат препреките и предрасудите – стои во соопштението од СОМ.

Реклама

Од таму дополнуваат дека на настанот активно учество зеле 15 атлети, кои заедно со своите партнери од НЛБ и ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ креирале 15 уметнички дела.

Насликаните дела ќе бидат дел од хуманитарна продажна изложба, која ќе се одржи на 4.5.2026 година, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за поддршка на развојните програми на Специјалната олимпијада Македонија.