Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недости на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недости на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Во гостување на телевизија Алфа, Атанасова посочи дека ниту едно дете не се раѓа како насилник и дека секое агресивно однесување претставува сигнал дека постои подлабок проблем којшто треба да се препознае и адресира. Покрај жртвите, вели, неопходно е да се работи и со агресорите за да се откријат причините за нивното однесување.

– За жал, во таквите случаи на меѓуврсничко насилство најчесто станува збор за една широка лепеза на причини. Дали е тоа докажување на моќ, дали е тоа премногу наталожен бес и гнев кај младата личност, дали е тоа недостиг на емпатија. Таквите однесувања секогаш се сигнал којшто младиот човек што врши насилство го праќа како порака дека нешто со него не е во ред. Ниту едно дете не се родило како насилник. Насилството се стекнува како една карактерна особина во текот на животот – посочува Атанасова.

Реклама

Вели дека особено загрижувачки е кога насилството се случува во група и кога се користи туѓата болка за привлекување внимание на социјалните мрежи. Според неа, особено е важно младите да разберат дека пасивното набљудување на насилството претставува форма на соучесништво.

– Недостигот на емпатија најмногу си го прави своето. Многу е лесно во денешно време да го впериме прстот и некого да осудиме. Многу е поважно младите да научат да не бидат неми набљудувачи и да пријават кога ќе забележат насилство … Секое, па макар и немо набљудување на некоја агресија е соучесништво. Не помагаш ако гледаш на жртвата. Можеш да помогнеш само ако пријавиш на некоја повисока инстанца која ќе помогне во дадениот случај – вели Атанасова.

Осврнувајќи се кон предизвиците со кои се соочуваат младите, таа оцени дека денешните генерации, иако имаат брз пристап до информации, се соочуваат со поголема анксиозност, несигурност и намалена самодоверба. Најголем предизвик е, вели, губење на емоционалната топлина и човечката блискост.

– Од една страна имаме многу голема достапност на информации, а од друга страна имаме несигурности. Кога немаме правилно насочување на работите, тоа многу повеќе нè парализира отколку што ни овозможува напредок … Проблемот на денешницата е што сѐ повеќе младите ја губат самодовербата. Многу се силни зад екраните и зад тастатурите, а сѐ повеќе имаат проблем некого да погледнат во очи. Не е исто срцето или прегратката која ќе ја пратите како емотикон во разговор, како кога ќе го гушнете некого – вели Атанасова.

Говорејќи за семејното насилство, таа оцени дека жртвите најтешко се охрабруваат да проговорат и оти поддршката од најблиското опкружување е од суштинско значење. Осврнувајќи се на трагичниот случај од 2 март, кога мајка и ќерка си го одзедоа животот, психологот оцени дека медиумското известување за вакви настани претставува сериозен предизвик, бидејќи, како што рече, може истовремено да се охрабрат жртвите да проговорат, но и да предизвика несакани ефекти кај младите.

– Колку повеќе пласираме вакви содржини, се активира одреден тригер кај младата личност. Добрата страна е што се охрабруваат жртвите да пријавуваат, но сметам дека многу е поголем негативниот ефект којшто го има пласирањето на ваквите содржини, затоа што тоа е активирање на некои идеи кои можеби никогаш не би се појавиле кај некоја личност – вели Атанасова.

Според неа, наместо фокусот да биде на негативните содржини, потребно е поголемо промовирање на позитивни примери, волонтерство, почитување на различностите и развој на емпатијата кај младите.

Атанасова оцени дека семејството останува клучниот фактор во формирањето на личноста и дека родителите имаат најголема одговорност во поставувањето на границите, вредностите и моделите на однесување.

– Семејството е местото каде се поставуваат темелите на еден здрав човек. Децата многу повеќе учат од тоа што го гледаат кај своите родители отколку од тоа што им го зборуваат. Тие се како сунѓерчиња кои впиваат сè што ќе видат – вели Атанасова.