Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за Владата, во Собранието Вреди направи нова пратеничка група

Арбен Таравари ја депонираше оставката до премиерот Христијан Мицкоски. Го цени тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари ја депонираше оставката до премиерот Христијан Мицкоски. Го цени тоа што му дале можност да биде министер во значаен период за здравствениот систем,  но го напушта владејачкото мнозинство. Сепак, остава подотворена врата за соработка во рамките на собранието со партиите на власт.

„Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката.

Оставката од Кабинетот на премиерот ќе биде препратена до Собранието каде пратениците само ќе ја констатираат, нема потреба од гласање. Во законодавниот дом, коалицијата Вреди достави до спикерот Гаши барање за промена на координаторот на пратеничката група. Наместо пратеникот Халил Снопче, за координатор на пратеничката група на Влен е избран пратеникот Беким Ќоку кој доаѓа од редовите на косовското движење Самоопределување.

Реклама

 • Пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН.

• Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи“, велат од Вреди.

• Додека сегашниот состав на Пратеничката група на ВЛЕН е како што следува:

1. Африм Гаши

2. Аднан Азизи

3. Беким Ќоку

4. Калтрина Беќири

5. Имерлије Салиу

6. Саранда Имери

7. Фериде Хаџиу

8. Мерита Колчи Коџаџику

9. Беким Сали

Од Алијанса, пак, уште нема барање за формирање пратеничка група. Неизвесно е дали АА ќе ги задржи петтемина пратеници, што е услов да имаат пратеничка група. Тие пред два дена одлучија да делуваат од опозиција и самостојно да настапат на претстојните локални избори. Владејачкото мнозинство во моментов официјално има 78 пратеници, а претставници од партиите на власт во повеќе наврати изјавија дека не само што нема да се намали туку е можно и да се зголеми.