Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција.

Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да ја одбие жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино и го потврдил решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување мерка притвор и определување мерка за обезбедување присуство на осомничениот – гаранција.

Со тоа, како што појаснуваат од Апелација, во сила останува мерката притвор определена по сите основи од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, сметано од денот на пронаоѓањето и лишувањето од слобода на осомничениот.

Реклама

-Понудената гаранција во услови кога мерката притвор е определена и опстојува и по основот од точка 2 од член 165 став 1- „постои основан страв дека ќе ги сокрие фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците вештаците соучесниците или прикривачите“, не е дозволена и како таква законски не била предмет на разгледување и одлучување од страна на советот на овој суд, се наведува во соопштението од Судот.

По завршување на жалбената постапка Решението на Апелациониот суд Скопје (КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година) е доставено до Основниот кривичен суд на 11.12.2025 година на понатамошно постапување.

Од Судот велат дека одлуката со образложението во целост ќе биде достапна на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Овој предмет стана актуелен по истрата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во која е приведен поранешниот државен правобранителот Фехми Стафа за примање поткуп од 50.000 евра.

Како што информира  вчера МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.