Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Апелационен суд им ги зголеми затворските казни на двајцата директори осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен суд Тетово за осудените лица во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, во кој во 2021 година животите ги загубија 14 луѓе.

Со одлука на Апелационен суд, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а правното лице Клиничка болница зголемена парична казна од еден милион и триста илјади евра.

Судиите во повисокиот суд одлуката ја донеле на 26 ноември 2025, при што се одбиени жалбите на осудените директори Флорим Бесими и Артан Етеми, додека уважени се жалбите на Основното јавно обвинителство Тетово.

Реклама

-Пресудата ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција и во делот на одлуката за имотноправното побарување така што обвинетите Ф. Б. од Т. и А. Е. од Т.  кои со првостепената пресуда се огласени за виновни за кривично дело Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, ги осуди на казна Затвор во траење од по 3-три години, обвинетото правно лице ЈЗУ К. Ц. во Т, кое со првостепената пресуда е огласено за виновно за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик, го осуди на Парична казна во износ од 1.300.000,00 денари, стои во соопштението на Апелационен суд Гостивар.

По пожарот во 2021 година и поднесен обвинителен акт во декември 2022 година, Основен суд Тетово почна процес кој заврши во јуни 2023 кога директорите ги осуди на условна казна затвор, но Апелационен суд потоа одлучи да има ново повторно судење. 

Второто повторно судење заврши во мај 2025 година кога тетовскиот суд им пресуди по една година и шест месеци затворска казна на двајцата директори на Клиничката болница.