Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Апел на ДЗС за заштита од пожари за претстојните празници

Пред претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите.

– Секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и здравјето на граѓаните и при други опасности. Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните, ДЗС посочува дека е задолжително: целосно да се почитува максимално дозволениот број посетители на организираните настани, согласно капацитетот и важечките прописи;  објектите да бидат соодветно обезбедени со исправна противпожарна опрема, што е неопходно непречено да биде достапна за итна употреба и што е редовно одржувана; коридорите, излезите и патиштата за евакуација да бидат постојано чисти, проодни и без пречки; излезните врати за евакуација да бидат отклучени и функционални за непречено напуштање на објектите во случај на пожар или друга опасност; да се почитува забраната за користење на пиротехнички средства и да не се користи отворен пламен во затворени простории или други потенцијално опасни материјали спротивно на законските прописи; персоналот да биде информиран и подготвен за постапување во случај на итна состојба, се наведува во денешното соопштение на ДЗС.

Оттаму истакнуваат дека почитувањето на овие превентивни безбедносни мерки не е само законска обврска, туку е и морална одговорност на секој сопственик и организатор на масовни настани кон неговите гости и вработени.

Реклама

– Истовремено, ДЗС се заблагодарува на сите медиуми за нивната работа и покажување голема општествена одговорност за подигање на јавната свест во насока во правец на превенцијата и заштитата од пожари и други опасности, при што со заеднички активности и работа, придонесуваме новогодишните прослави да поминат во безбедна, пријатна и свечена атмосфера, без ризици и несакани последици, а секако и во идниот период, се додава во соопштението.