Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Апарати за магнетна резонанца има, термини нема

Дефектни апарати за магнетна резонанца и недостаток на радиолози – ова се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дефектни апарати за магнетна резонанца и недостаток на радиолози – ова се главните причини поради кои граѓаните со месеци чекаат теримин за рана дијагностика на болести. Ова го покажува последниот извештај на ДЗР. Од десет здравствени установи низ земјава кои имаат магнетна резонанца, само три ги вршат сите видови на дијагностика. Ревозироте утврдиле дека државата кубури со стручен кадар, кој може да прави снимање со апаратите. Па имало случаи кога установите си ангажирале доктори однадвор и тоа ги чинело 150 илјади евра, при што има и значајни разлики во начинот на ангажирање и висината на надоместокот за нивната работа. И покрај тоа што бројката на вакви апарати во изминатите години се зголемила двојно, сепак бројот на прегледе не  е зголемен, туку е ист.

„Според добиените податоци од Мој Термин, во период од 2019 до мај 2023 година евидентирани се вкупно 92.533 прегледи, во кои се вклучени реализираните прегледи со издаден извештај и прегледи за кои не е издаден извештај, во редовен термин и без термин“- се посочува во извештајот.

Реклама
Годишно на еден апарт се снима 2800 пати, што е под просекот во Европа кој се движи до три пати повеќе. Од вкупно над 110 илјади слободни термини, искористени се 56 отсто.Најмногу снимки се направени во Битола и Скопје, а најмалку во тетовска болница.

„Воспоставена е пракса за неосновано и неоправдано упатување за снимање со мр од страна на специјалистите, за што од министерството за здравство не се преземени мерки за санкционирање. Ваквите состојби влијаат осигурениците не секогаш да можат да добијат термин за преглед и да ги остварат правата од задолжителното здравствено осигурување во јавното здравство, поради што, не ретко користат услуги во приватното здравство, за кои пак надлежните институции немаат податоци“. – се наведува во извештајот на ДЗР.

Во извештајот е наведено и дека нема трага на кој начин е извршена наплата на услугите од Фондот за здравство во вредност од 1,8 милиони евра. Со тоа постои можност, здравствените установи да загубиле најмалку 200 илјади евра од партиципација на пациентите.