Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Антикорупциска добила анонимна преставка дека Христовски не смее да биде директор на АНБ

Државната комисија за спречување корупција, добила анонимна претставка во која пишувало дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување корупција, добила анонимна претставка во која пишувало дека новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски наводно не ги исполнува условите за да биде директор.
Врз основа на оваа преставка, антикорупциска отворила предмет за да ги провери наводите.

„Пристигната е претставка од анонимен подносител за наводно непоседување услови на новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност. Ќе отвориме предмет и ќе се постапува по претставката а нејзината содржина дополнително не можам да ја образложувам„ –велат од антикорупциска.

Инаку, Бојан Христовски, новиот директор на АНБ изминатите денови е цел на остри критики од страна на опозицијата, која обвинува дека со назначувањето на Христовски било направено „партиско киднапирање“ на Агенцијата за национална безбедност. Од Владата пак тврдат дека нема ништо спорно во неговото назначување и дека се целосно испочитувани сите закони и прописи.