Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Анксиозни и депресивни се повеќе граѓани, но за разлика од минатото младите денес се посвесни за овие состојби

Се поголем број македонски граѓани се соочуваат со анксиозност и депресија ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поголем број македонски граѓани се соочуваат со анксиозност и депресија , но за разлика од минатото младите денес се посвесни за своето ментално здравје. За проблемите со кои се соочува еден човек треба да се разговара отворено, но се уште постојат и предрасуи. Лекарите на светскиот ден на менталното здравје со пораки за поддршка и поголема свесност.

„Најчести предизвици кај младата популација се анксиозните, но најмногу треба да внимаваме на депресивните кои водат кон ризик од самоповредувачко и самоубиствено однесување кое за жал, не е исклучено кај младата популација“, вели д-р Славица Арсова, директорка на Клиниката за психијатрија.

Арсова посочи декапо несреќата во Кочани, сè поголем број млади бараат психолошка поддршка.

Реклама

Од Фондот за здравство велат дека грижата за менталното здравје е еден од приоритетите на здравствените власти. Од оваа година, за првпат е воведен и скрининг за депресија кај младите, во кој  се вклучени и матичните лекари.

„Она што ФЗОМ го направи е за првпат вклучивме состојба на ментално здравје во превентивни цели кај матичните доктори. Значи вклучено е рано откривање на депресија кај млади до 35 години како превентивна цел. И матичните лекари сите низ целата земја ќе имаат зада да поминуваат еден дел од осигурениците и граѓан ите и да детекрраат такви состојби“, изјави Сашо Клековски – Директор на Фондот за здравство во Македонија.

Под мотото „Пристап до услуги за ментално здравје при итни и кризни состојби“ на градскиот плоштад „Македонија“ беше одбележан Светскиот ден на менталното здравје. Настанот, собра здравствени професионалци, студенти и граѓани од каде веа испратени пораки за заедништво и поддршка.  „Заедницата лекува. Никогаш не си сам, запомни“, „насмевни се на денот и тој ќе ти се насмевне“, „сподели, не чувај во себе“ – запишаа граѓаните на таблата што ја поставија професионалците од Клиниката за психијатрија.