Реклама

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Прилози

Анкета ,,Еврометар”: граѓаните веруваат во европската иднина, но со резерва кон процесот

Телевизијата е највлијателниот медиум од каде граѓаните се информираат за политичките процеси во државата, додека довербата во демократијата во земјава е подобрена, покажуваат резултатите од анкетите ,,Еврометар” спроведени во периодот од 2023-2026,  како дел од проектот ,,Медиумите за ЕУ”, презентирани од Центарот за Европски стратегии -Евротинк. Генерална една слика, може да се забележи дека има […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телевизијата е највлијателниот медиум од каде граѓаните се информираат за политичките процеси во државата, додека довербата во демократијата во земјава е подобрена, покажуваат резултатите од анкетите ,,Еврометар” спроведени во периодот од 2023-2026,  како дел од проектот ,,Медиумите за ЕУ”, презентирани од Центарот за Европски стратегии -Евротинк.

Генерална една слика, може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на демократијата и во однос на тоа како се движат работите во државата. Што се однесува до известувањето за Европската унија, како граѓаните се известуваат, резултатите покажуваат дека телевизијата е повторно примарен извор на информации, додека многу блиску тука се и социјалните мрежи и има зголемување на следење на онлајн порталите на медиумите. – вели Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк

 Истражувањето покажува и зголемен оптимизам кај граѓаните за европската иднина на земјата и членството во ЕУ, особено кај помладите, при што дел сметаат дека напредокот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора отвора простор и Македонија да го забрза патот кон Унијата, додека дел од граѓаните се со резерва.

Реклама

Кога се прашува зошто поддржуваат поддршка за влез во ЕУ  доминира како и секоја година подобриот животен стандард и тука некако рангирањето не се менува низ годините, значи втора или трета се намалување на невработеноста или поголема сигурност за државата, меѓутоа кај оние граѓани кои не се за влез во ЕУ, доминира стравот од губење на националниот идентитет – изјави извршниот директор на Евротинк.

Aнкетите покажуваат дека поради нефер односот на ЕУ кон Македонија, граѓаните се повеќе се сомневаат во процесот што треба да ја однесе земјата до целта, иако сеуште даваат висока поддршка за членство.

Ана Минин