Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Ангелов во Словенија на “СОБРА 2025”

На покана на Леон Бехин, генерален директор на Управата за цивилна заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на Леон Бехин, генерален директор на Управата за цивилна заштита и справување со катастрофи при словенечкото Министерство за одбрана, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска и утре е во работна посета на Интернационалниот саем за одбрана, безбедност, заштита и спасување “СОБРА 2025” во Горња Радгона, Словенија.

Како што соопшти ДЗС, за време на Саемот Ангелов, кој е придружуван од советникот Дејан Спасевски, ќе одржи серија средби на кои ќе бидат разменети искуства и знаења, а ќе има и можност да ги разгледа најновите технологии и иновации од овие области.

-На воведниот состанок Ангелов не ја пропушти приликата уште еднаш да се заблагодари за помошта од словенечките пожарникари при справувањето со шумските пожари во Македонија во 2021 и 2025 година, стои во соопштението.