Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Ангелов: Поподготвени влегуваме во сезоната на пожари, поучени од минатото

Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите. На располагање имаме пет пилоти за ер-тракторите, а најдоцна во текот на мај се очекува да бидат вратени од сервис двата ер-трактора, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

–  Во овој момент, Дирекцијата располага со пет пилоти за ер-трактори, кои се подготвени за дејствување во пресрет на сезоната на шумски пожари. Во моментот еден ер-трактор е функционален, додека другите два се на сервис во Загреб и очекуваме во април, најдоцна во мај, истите да бидат вратени, така што во јуни ќе имаме три функционални ер-трактори и пет пилоти. Истовремено, се работи и на обезбедување дополнителен број пилоти. Од минатата година, на располагање се и 43 специјални возила – претходно воени и полициски, пренаменети за гаснење пожари: 23 „Пицгауери“, 15 БТР-80 со моќни водни топови со домет од околу 100 метри, како и пет „хермелини“ за влечење цистерни од четири до осум тони. Дополнително, во некои делови од државата се зајакнати капацитетите со нови или донирани возила, а некои доброволни противпожарни друштва, како она во Кочани, исто така значително ги зголемија своите капацитети, изјави денеска Ангелов пред почетокот на конференцијата за меѓународниот проект „Forest Fire Struga- FFS“ што се одржа во Скопје.

Според Ангелов, земјава научила многу од минатото и влегува многу поподготвена во сезоната на пожари, иако вели дека поимот „подготвеност“ може да се толкува различно и дека и многу посилни држави како Грција и Турција секоја година се соочуваат со сериозни пожари и бараат меѓународна помош. 

Реклама

Македонија заедно со дел од државите во регионот, а под покровителство на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, е вклучена во проектот „Forest Fire Struga- FFS“ чија цел е зајакнување на капацитетите на тимовите за брз одговор. Проектот беше промовиран денеска, а во него покрај Македонија, вклучени се и Грција, Кипар, Црна Гора, Албанија и Бугарија. Во рамки на проектот ќе се одржи и меѓународна вежба, што ќе се реализира во регионот на Струга и Охрид, особено во подрачјата на националните паркови Галичица и Јабланица. 

Според Ангелов, се работи за значаен проект со оглед на тоа што пожарите на отворен простор не познаваат граници и многу често се шират истовремено на територијата на неколку соседни држави.

– Во јануари оваа година започна голем меѓународен проект финансиран од Европската Унија – „Форест Фајр“. Струга е домаќин, односно ние сме домаќини Македонија, поточно Дирекцијата за заштита и спасување. Бидејќи пожарите на отворен простор, но и шумските пожари, не познаваат граници, многу често тие се одвиваат истовремено на територијата на неколку соседни држави. Главните настани ќе се одвиваат на територија на општините Струга и Охрид, каде што во следниот период ќе следат повеќе активности, појасни Ангелов.