Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Ангелов: Измените на Законот за здруженијата и фондациите да обезбедат стабилни услови за функцонирање на доброволните противпожарни друштва

Најавените измени на Законот за здруженијата и фондациите, кои директно ги засегаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавените измени на Законот за здруженијата и фондациите, кои директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во земјата, денеска беа тема на разговор на работниот состанок меѓу директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, и претставници од Министерството за правда.

Како што соопшти ДЗС, на средбата се разгледувале можните правни последици од предложените измени, со посебен фокус на статусот и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување, како и потребата законската рамка да се усогласи со реалните потреби на терен и европските стандарди во оваа област.

– Ангелов, заедно со тим од ДЗС и претставници од доброволните друштва, ја нагласи важноста на јасно институционално препознавање и унапредување на доброволниот сектор. Тој посочи дека доброволците се клучен партнер на институциите при справување со пожари, кризи и природни непогоди – се наведува во соопштението.

Реклама

Од ДЗС посочуваат дека ефикасниот систем за заштита и спасување се темели на соработка помеѓу државните институции и доброволните служби поради што измените на законот мора да обезбедат стабилни услови за нивно функционирање.