Реклама

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Економија

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права

Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и борба со сивата економија. 

– Во првата фаза со законот се опфатени дејностите каде што сивата економија е најизразена – земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домаќинството. Според направените анализи, со примената на законот се очекува формализација на до 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите, рече денеска на прес-конферениција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. 

И покрај мерките од Оперативниот план за вработување, министерот посочи дека лицата остануваат надвор од формалните текови поради што е донесен Законот за работно ангажирање на лица како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници.

Реклама

– Со овој закон воведуваме пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање на работна сила, со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Корисниците на гарантирана минимална помош не ги губат социјалните и детските права, невработените не се бришат од евиденцијата и не го губат паричниот надоместок, пензионерите не го губат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем, рече Дурмиши. 

Оваа реформа, посочи министерот, носи бенефит и за работниците и за работодавачите. Работодавачите добиваат флексибилност и поедноставена административна постапка, а работниците добиваат исплата по час, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права. На овој начин Дурмиши вели дека воспоставуваат поправедни и потранспарентни услови на пазарот на трудот.

Според Дурмиши,  формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, затоа што директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани. Тоа, посочи Дурмиши, е сериозен предизвик кој бара системски, а не ад-хок решенија.

Министерот за економија на прес-конференцијата рече дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој исто така се применува од 1 јануари годинава, е силен инструмент за поттикнување на економскиот раст, зголемување на конкурентноста и отворање нови, квалитетни работни места. Со овој закон државата обезбедува финансиска поддршка за компании кои инвестираат, остваруваат раст на приходите и ја задржуваат стабилноста на вработувањето.

– Поддршката е насочена кон нови вработувања со повисоки плати, при што компаниите можат да добијат до 20 проценти од исплатената нето плата, односно до 4.400 евра годишно по лице, како и значителна поддршка за истражување и развој, до 50 проценти од оправданите трошоци и максимален износ од 1 милион евра. На тој начин ја охрабруваме трансформацијата на економијата кон поголема продуктивност и додадена вредност, информира министерот Дурмиши. 

Комбинацијата од овие два закона, укажа Дурмиши, значи истовремено сузбивање на сивата економија и активна финансиска поддршка на формалната економија. Тоа е јасен сигнал дека државата создава стабилна, предвидлива и фер деловна клима, со повеќе формални работни места, поголема сигурност за работниците и силна поддршка за компаниите кои инвестираат и придонесуваат за растот на македонската економија, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.