Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Потсети дека во моментот траат внатрепартиските анкети, каде се оценуваат повеќе потенцијални имиња, а според него, тој што ќе најдобар на истите ќе биде иден прв човек на Скопје.

-Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото, иако постојат и јавно се познати дел од имињата кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, има и други заинтересирани, така што се анкетираат во моментов и очекувам дека во средината на летото ќе имаме резултати. Секако дека имам и мои лични фаворити и фаворити на партијата, но ќе оставам органите и телата на партијата тоа да го соопштат. Очекувам дека анкетите ќе покажат дека некој кој што е партиски член или активист ќе биде најдобар на анкетите и наш прв избор, изјави Андоновски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) каде што денеска започна хакатонот „Кликни безбедно“.

Реклама

Министерот истакна дека во партијата се задоволни од мерењата на јавно мислење и очекуваат уште поголема победа во однос на минатите избори.

-Процесот е во тек, започна уште во почетокот на годината за сондирање на состојбите кои што се во општеството, колку граѓаните се задоволни од сегашните градоначалници, колку сметаат дека можеби некој треба да има промена и кое име сметаат дека најдобро би ја вршел задачата. Првиот бран на одлуки ќе биде во втората половина на мај за определени општини каде што веќе тоа е кристално јасно, голем дел од постоечките градоначалници ќе трчаат и втор пат, изјави Андоновски.