Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага.

– Тоа значи дека граѓанин, инспектор или друг субјект проверува јасно и брзо дали некоја лиценца е валидна или истечена. Со СМАРТ лиценците граѓаните добиваат можност за брза проверка на валидноста некоја лиценца, компаниите добиваат помалку административни проверки и барања за потврди, а институциите добиваат јасна врска до единствен регистар – изјави Андоновски.

Тој посочи дека досега немало начин да се провери валидноста, што сега ќе биде овозможено преку жив регистар до кој се пристапува со скенирање на код од лиценцата.

Реклама

-Креиравме Асистент кој е целосно дигитален и со скенирање на код ве носи до жив систем каде се наоѓа валиден електронски документ. Моментално е само во Министерството за дигитална трансформација, но интенцијата е тоа да се прошири. Во фаза на тестирање сме во Министерство за економија за издавање лиценци за дискотеки, кабаре и кафе бар. Но, не смее да остане само на ова и интенцијата е да се прошири на повеќе, изјави Андоновски.

Системот, како што посочи Андоновски, дел од документите ги влече по автоматизам, а дел се уште се закачуваат како електронски документи. Имаме база од 340 илјади корисници и целта е таа да се искористи и врзе со другите институции.

Процесот, како што посочи Андоновски, нема да оди брзо и во сите институции одеднаш, но државата издава голем број лиценци, а системот е лесно прилагодлив и може да се употреби од лиценци за транспорт, логистика, осигурување, хотели, правосудство, животна средина, урбанизам, дозволи за градење.