Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Андоновски од „Импакт“ во Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски втора година по ред учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски втора година по ред учествува на престижниот самит „Импакт“ во Букурешт заедно со министри од владите на Романија и Полска, пратеници во Европскиот парламент, како и директори на водечки меѓународни компании од телекомуникацискиот и банкарскиот сектор.

На панелот „Европската сувереност во вештачката интелигенција: може ли ЕУ да биде конкурентна и да предводи?“, Андоновски истакна дека европската конкурентност ќе зависи од способноста вештачката интелигенција да се примени во економијата и јавниот сектор, со вложувања во инфраструктурата и вештините на луѓето.

– За Југоисточна Европа, трката во областа на вештачката интелигенција не се сведува на тоа кој ќе го изгради најголемиот модел. Станува збор за тоа кој најбргу ќе ја усвои вештачката интелигенција, ќе ја поврзе со реални проблеми во економијата и јавниот сектор и ќе им обезбеди на луѓето инфраструктура и вештини за натамошна надградба врз таа основа. Европа може да биде предводник, но сега треба да направиме чекор напред: од регулирање на економијата заснована на вештачка интелигенција кон нејзино масовно проширување и развој – истакна Андоновски.

Реклама

Министерот посочи дека пошироката примена на вештачката интелигенција е еден од најголемите предизвици, но истовремено и значајна можност за земјите од регионот. Според него, регионалната соработка може да ги надмине ограничувањата на поединечните пазари и да создаде попривлечни услови за инвестиции и технолошки развој.

– Поединечно, нашите пазари се релативно мали. Заедно можеме да им понудиме на инвеститорите регионален пазар, силен инженерски кадар, конкурентни трошоци и сè пософистицирана дигитална инфраструктура. Би се фокусирал на соработка во три области: заедничка инфраструктура, заеднички примери за примена и полесно движење на таленти и компании – порача Андоновски.

Осврнувајќи се на европскиот пристап, министерот нагласи дека регулативата има важна улога во воспоставувањето доверба и јасни правила, но дека следниот чекор мора да биде забрзана примена на технологијата и поддршка за иновациите.

– Европа веќе е лидер во областа на регулативата. Вистинското прашање е дали сега можеме да станеме и лидери во имплементацијата и иновациите. Регулативата беше неопходна за воспоставување доверба и правила на игра. Но сама по себе регулативата не создава компании, модели, ниту продуктивност – истакна министерот.

Андоновски посочи дека следните пет години треба да бидат посветени на вложувања во компјутерски капацитети, енергија, капитал и таленти, како и на масовно усвојување на технологијата. Тој нагласи дека Европа може да изгради сопствен, отворен, конкурентен и доверлив модел, со побрзо претворање на истражувањата во производи и компании и создавање услови регулаторната рамка да го поддржи нивниот развој.

Во рамките на самитот министерот Андоновски оствари средба и со претставници на регионалното раководство за Југоисточна Европа на „Мастеркард“ , водечка меѓународна компанија за платежни технологии.