Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Андоновски: Нацрт-спогодбата за роаминг во ЕУ ја пративме со забелешки во ЕК и за краток период очекуваме одговор

– Пред една недела Владата на седница донела рамка и нацрт-спогодба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Пред една недела Владата на седница донела рамка и нацрт-спогодба со ЕУ за користењето роаминг на македонските граѓани кога патуваат во Европската Унија.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека со Европската комисија ги имаме почнато разговорите за надминување на бариерата за роаминг и донесување спогодба со Европската Унија, како и секоја од земјите на Западен Балкан, за надминување на овие трошоци, односно македонските граѓани кога патуваат во ЕУ по исти цени да користат интернет, мобилна телефонија и СМС-пораки.

-Пред една недела на Влада донесовме и рамка и нацрт-спогодба со ЕУ, што значи дека веќе го имаме текстот за нацрт-спогодбата, го вративме со коментари во Европската комисија. Тоа е начинот на кој се преговара,  и очекувам во краток период да добиеме повратно да видиме каде можеме да се најдеме за некои од забелешките кои ние ги имавме и да одиме потоа на потпишување и ратификација на спогодбата, рече Андоновски одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата. 

Реклама

Во однос на зголемувањето нови е-услуги министерот посочи дека во наредниот период нив ќе ги има и за бизнисот, меѓу кои и услугата регистар на авторизација, што е корисно за компаниите, а паралено ќе се развиваат нови услуги и за граѓаните. За таа цел Министерството за дигитална трансформација соработува со повеќе институции, а предничи, рече, Министерството за внатрешни работи. 

-Очекувам дека првите услуги кои ќе ги промовираме ќе бидат услуги од Министерството за внатрешни работи, рече Андоновски.

Европската комисија соопшти дека ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг.

Преговорите ги опфаќаат Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Иницијативата ја најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на регионот во октомври.

По приклучувањето кон шемата, граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе можат да остваруваат телефонски разговори, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилен интернет во земјите на ЕУ според условите на нивните домашни претплатнички пакети. Истите правила ќе важат и за европските граѓани кои патуваат во регионот.

За проширување на шемата потребно е склучување поединечни договори со секоја од земјите, како и целосно усогласување на нивното национално законодавство со правилата на ЕУ за роаминг, по што Европската комисија ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри нивното вклучување во заедничкиот систем.