Заклучокот на Европската комсија за „добар напредок“ и подигнато ниво на подготвеност во областа на дигиталната трансформација за ресорниот министер Стефан Андоновски е заначаен резултат за Македонија.
На прес-конференција денеска тој истакна дека европската оценка е важна потврда, а секојдневното искуство на граѓаните е трајна мисија на Министерството за дигитална трансформација, како што рече – помалку одење по шалтери, побрзи постапки, побезбедни услуги и повеќе можности за нашите компании и млади луѓе.
Во освртот за напредокот нотиран во извештајот на Европската комисија, тој искажа задоволство со оглед на тоа што, вели, во 2021, 2022, 2023 и 2024 имавме оценка ограничен напредок, во 2025 – одреден напредок, а за 2026 – добар напредок
-Зад ова поместување стојат донесени закони, воспоставени системи и услуги што граѓаните се повеќе ги користат. Стојат и луѓе што секојдневно работат овие промени да станат функционални, истакна Андоновски.
Издвои пет конкретни области. Во однос на првата – електронските услуги за граѓаните и компаниите – според податоците во извештајот, рече, до крајот на август на националниот портал биле достапни 338 услуги, вклучително и делумно и електронски услуги.
-Нивното користење е двојно зголемено во однос на претходната година. Во 2024 година 41.377, во 2025 161.335 и 116.270 само до октомври годинава. За мене ова користење има особено значење, покажува дека се повеќе граѓани и компании избираат да си ја завршат работата електронски. Затоа ќе се насочиме за што повеќе услуги што може да се завршат електронски – од поднесување барање до добивање документ и завршување на работата, рече Андоновски.

Подобрување има и во размената на податоци меѓу институциите (втората област) – наспроти 700.000 транскации на платформата за интероперабилност месечно во 2024, 1,4 милион во 2025, досега се 5,6 милиони месечно во 2026.
-Нашиот принцип тука е јасен – институциите мора да разменуваат податоци, а не граѓаните документи. Од граѓанинот не треба да бараме да биде посредник меѓу две државни институции, рече Андоновски и очекува од секоја инститициуја активно да учествува и да ги приспособува своите постапки.
Третата област пофалена во извештајот е електронскиот документ менаџмент систем – ЕК нотира дека до крајот на јуни 2026 овој систем го користеле 44 институции, неговото воведување е препознато и во делот на реформата на јавната администрација.
-Нашата цел е електронското работење да стане секојдневна практика во администрацијата и затоа и проширувањето на електронскиот документ менаџмент систем останува наш приоритет. Оттука, денес можам да најавам 20 нови институции на платформата во наредните три месеци, соопшти Андоновски.
За сајбер-безбедноста – четвртата област, министерот посочи дека посветеноста за заштита на податоци и градење капацитети и воспоставената законска рамка за поорганизирано постапување е нотирано од ЕК во извештајот.
Како што рече, следува постојана работа на подготвеноста, обучени луѓе, навремено препознавање на заканите и координирана реакција.
-Во оваа област резултатот бара континуитет и постојаност, затоа ќе продолжиме да вложуваме во тимовите и во способноста на институциите да ги заштитат своите системи, рече Андоновски.

Во врска со петтата област – вештачката интелигенција и проектот „Везилка“, ЕК во поглавјето Иновации го издвојува овој национален проект, коордииниран од ФИНКИ, како проект што ја поврзува Македонија со европскот екосистем преку партнерството со ФАРОС.
Како што рече, во овој проект Министетството и Владата вложуваат преку 90 милоиони денари и капацитети, поврзување и можности за апликација на ВИ во јавната администрација.
-За нас ова е можност што треба да ја претвориме во практична корист. Сакаме македонските истражувачи, студенти, компании, да добијат повеќе можности да креираат и развиваат решенија со вештачка интелигенција. Сакаме и малите компании да може да ја користат технологијата за подобри производи, поголема продуктивност и пристап до нови пазари. Талент имаме. Нашата задача е да создадеме услови тој талент да работи, да истражува и да создава тука, во Македонија, истакна Андоновски.
Министерот се осврна и на апликацијата „м.Услуги“, промовирана по периодот опфатен со Извештајот, нагласувајќи дека продолжуваат подобрувањата врз основа на забелешките на корисниците и развојот на дигиталниот паричник. Преостанатите препораки на Европската комисија, како што посочи, се прифаќаат како работни обврски, со фокус на поедноставување на постапките, проширување на заедничките системи и подобрување на пристапноста на услугите.

