– Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година.
– Убави вести денеска – македонската ИКТ-индустрија продолжува да соборува рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. Особено значајно е што ИКТ-секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс – напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на „Фејсбук“.

Во 2025 година, увозот на ИКТ-услуги изнесувал 197 милиони евра, што, според него, значи дека нето-ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра.

– Најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра. Овие резултати уште еднаш покажуваат дека ИКТ-секторот станува еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и на технолошката трансформација на нашата економија – пишува министерот Андоновски.
