Реклама

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Македонија

Андоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ, „Везилка“

Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела – најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база, која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела – најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база, која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии.

– „Везилка“ е проект насочен кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел што ќе може да го користат институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Целта е да се намали зависноста од странски алатки, кои често не го препознаваат доволно прецизно македонскиот контекст – појасни Андоновски во гостувањето во „Топ тема“ на ТВ „Телма“.

Реклама

Според него, преку овој проект се поставуваат темелите за создавање домашни решенија засновани на вештачка интелигенција, кои ќе се користат во јавниот интерес, образованието, науката, економијата и дигиталната трансформација на државата.

Носител на проектот е ФИНКИ, кој веќе воспоставил соработка со повеќе релевантни институции, меѓу кои „Службен весник“, Собранието, Националната и универзитетска библиотека, МАНУ, како и институтите за македонски јазик и за литература. Со оваа соработка ќе се обезбеди квалитетна база на податоци, вклучително законски и подзаконски акти, стручна литература и други содржини на македонски јазик.

Андоновски информира дека и граѓаните ќе може да придонесат во проектот преку прикачување дигитализирани трудови, магистерски и докторски истражувања, со што ќе се збогатува македонскиот дигитален јазичен корпус.

Во однос на регулативата, министерот најави подготовка на компактен закон за вештачка интелигенција, кој ќе постави етички и транспарентни правила за нејзина примена, без да ја ограничува употребата на новите технологии. Фокусот ќе биде ставен на јавната администрација, здравството, земјоделството и културата.

Проектот „Везилка“ е вреден 6,5 милиони евра, од кои 1,5 милион се државни средства, еден милион евра се обезбедени од факултетите, а остатокот е поддржан од Европската Унија.

– До крајот на оваа или почетокот на следната година Македонија ќе има функционален јазичен модел, кој ќе биде достапен како open-source решение за институциите и компаниите – посочи Андоновски.

Најави дека со исполнувањето на чекорите од реформската агенда во јуни се отвораат нови 16,9 милиони евра од планот за раст додавајќи дека Министерството продолжува со реализација на обврските за обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и институциите.