Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Андоновски: Ќе се залагаме проектите кои се приоритет во нашата програма да добијат соодветно место во буџетот на Општина Гостивар

Мартин Андоновски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мартин Андоновски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, се обрати на денешниот народен митинг во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори. Андоновски потенцираше дека фокусот е ставен на приоритетните проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Гостивар.

,,Како носител на оваа советничка листа, со целосна одговорност тврдам: нашите настапи во Советот секогаш ќе бидат во интерес на граѓаните аргументирани, достоинствени и секогаш бескомпромисно на страната на вистината. Ќе бидеме гласот на разумот и совеста, будното око што неуморно ќе следи што се работи, како се работи и дали се работи во интерес на граѓаните. Ќе го следиме и ќе го посочиме секој извор на неправичност, секој облик на неодговорно, нечесно или штетно постапување“, вели Андоновски.

Андоновски додаде дека главниот водич е креирање и реализирање на силна одговорна и развојна локална програма.

Реклама

,,Нашата заложба ќе биде локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет. Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна, развојна локална програма, затоа што тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат, и ја сакаат Република Македонија“, рече Андоновски.

Тој истакна дека ќе работи посветено на тоа приоритетните проекти од програмата да добијат заслужено место во буџетот, со цел реално да се подобри квалитетот на животот, да се создадат нови можности и да се обезбеди видлив напредок и модерна инфраструктура за сите граѓани.

,,Ќе се залагаме проектите кои се приоритет во нашата програма да добијат соодветно место во буџетот на Општина Гостивар, со цел секој еден од вас да сведочи на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура, како и поквалитетен живот за сите“, кажа Андоновски.

Според него, политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесоа пресврт во односот кон локалната самоуправа односно по години стагнација, конечно централната власт ги поддржува општините во реализацијата на важни проекти.

,,Благодарение на политиките и заложбите на централната власт предводена од Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, сведоци сме на еден целосен пресврт во политиката кон локалната самоуправа низ цела Македонија. После долги години стагнација, имаме позитивен пристап, чесни луѓе  и власт која служи на граѓаните преку поддршка на општините во реализација на клучните проекти“, заклучи Андоновски.