Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Андоновска: Се градат нови театри, ќе се гради Универзална сала и проекти во културата, разликата е евидентна 

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ започна време во кое уметноста се вреднува, културното наследство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ започна време во кое уметноста се вреднува, културното наследство се чува, а културата станува видлива и достапна за сите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа македонската култура во прв план-со над 2.500 поддржани проекти, нови инвестиции, обновени институции и силна меѓународна промоција, посочи на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ Викторија Андоновска. 

Во 15 месечниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведе делегиран буџет за 17 национални установи, се реализираа 551 проект од областа на заштитата на недвижното културно наследство, се реши статусот на 160 вработени во културните институции.

Наскоро ќе започне и изградбата на претходно стопираниот проект на „Стар театар“ во Струмица. По повеќе години застој почнува да се гради и Универзалната сала- симболот на Скопје, а воедно се уредува и гради Турскиот театар. Вкупната вредност на инвестициите за реализација на овие проекти е преку 30 милиони евра. Во текот на мандатот на оваа Влада ќе се гради и Драмскиот театар во Скопје чиј проект се ревидира.

Реклама

Оваа година ќе започне реализацијата на проектот за интервентна заштита на „Македониумот“ симболот на македонската историја, идентитет и борба. 

Започната е реконструкција, санација и адаптација на поранешното кино „Партизан“ во Битола, инвестиција вредна 96 милиони денари.

Во Гевгелија целосно се реконструира Старата чаршија којашто ќе ја задржи својата автентичност, но и ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро. Вредноста на инвестицијата е 40 милиони денари. 

По 7 години запоставеност, повторно се отвори комплексот „Македонско село“ кој низ својата автентична архитектура и традиција ја раскажува македонската културна приказна. 

„Музејот на вода“ во Охрид, кој претходно беше запуштен и заборавен, го доби својот стар сјај, а неговата обнова изнесуваше околу 15 милиони денари. Исто така го продолживме и Проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник.

Почитувани, 

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа културата во фокусот, во срцето на македонското општеството. ВМРО-ДПМНЕ преку инвестициите во културата го прави вистинскиот избор за твојата иднина-иднина во која македонската приказна е видлива и вреднувана.