Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Андоновска: Ако СДСM продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае

СДСM и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната партиска прес-конференција на Викторија Андоновска.

Во СДСM веќе отворено врие. Членови, активисти и поранешни функционери јавно бараат реформи и јасно укажуваат дека Филипче го губи секој легитимитет. Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат во историјата на партијата, тој повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место.

Филипче нема намера да поднесе оставка, а камоли да покаже доблест. Наместо тоа, продолжува со истите партиски комбинации, истите луѓе, истите матрици. Поставувањето на Трајановски е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно она влијание кое ја доведе СДСM до колапс.

Реклама

Граѓаните гледаат дека вакво раководство нема визија, нема сила и нема доблест за промени. СДСM со ваков врв оди во уште поголема пропаст.

Ако СДСM продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае.