По неуспешниот атенат на Доналд Трамп, се поизвесно е дека тој е сигурен победник на изборите во САД. Според Дејан Андоновиќ, новинар кој долги години ја следи надворешната политика, ова јасно покажува дека шансите за победа на републиканскиот кандидат од синоќа се драстично зголемени.
-Ми се чини дека по овој атентат, изборите, исходот од изборите е веќе поизвесен, во однос на периодот пред да се случи тоа, особено што по овој атентат, обид за атентат поизвесно е дека на Трамп му се отвора да биде реизбран на претседателската функција. Се разбира ова само му ги зголемува шансите, ќе почекаме за три и пол месеци да видиме што ќе биде. Многумина во светот, меѓу кои еве и јас сметаме дека исходот од изборите веќе е извесен, изјави Андоновиќ.
Вели секако рејтингот на Трамп бил поголем и пред овие случувања, а за тоа помогнале и гафовите кои последниве денови ги имаше неговиот ривал Џо Бајден.

-Рејтингот на Трамп е зголемен и пред сите овие работи да се случат, реално е поголем од што беше. Серијата на гафови, неуспешни јавни настапи, па и оној дуелот прв меѓу Трамп и Бајден, значително ја зголемија предноста над Бајден, особено што американската јавност, па и светската веќе не занимава за пораките кои Бајден ги упатува, туку со неговите гафови, почна да го меша Путин, сега да не ги спомнувам сите оние работи кои се случуваа минативе денови. Само повеќе ја подгреа онаа шпекулација дека можеби Демократите сакаат да го заменат Бајден во претседателската трка и покрај тоа што е веќе доцна би рекол. Но, можеби до пред атентатот тоа беше невозможно, но сега ми се чини дека се поизвесно е дека повторно ќе се вратат оние настојувања на неговиот изборен штаб, во кои главна улога секако има поранешниот претседател Обама, кои ги води овие негови настапи и политички пораки, па не се исклучува после сево ова потрошениот Бајден да биде заменет. Се разбира тоа е шпекулација, тој по овој неуспешен атентат излезе, повика на смиреност, на сплотување на општеството, но проблемот цело време и овој атентат според мене е последица на реториката која се случуваше изминатиов период на претседателската трка. Имено, ако забележувате веќе не се работеше за политички дуел за избор на претседател, туку политичко непријателство. Оттаму како резултат на ова политичко непријателство дојде до таа поделеност во американското општество и дојде еве до овие работи кои што се случуваат и не знаеме дали ова е последно или ќе има уште некоја серија инциденти или некакви работи до престедателските избори во ноември, изјави Андоновиќ.
Според Андоновиќ станува се поизвесно и дека можно е да се засили кампањата за промена на Бајден од кандидат за претседател, иако времето веќе одминува.
-Сега веќе можеби се зголемува извесноста дека можеби идејата да се замени претседателскиот кандидат Бајден не исклучена и покрај тоа што можеби веќе е доцна. Но, веќе ми се чини еве логично, не исклучува бидејќи каква порака се упати, неуспешен атентат врз Трамп, безбедносен пропуст, голем безбедносен пропуст, значи на 100 метри од таму каде што се обраќа Трамп има покрив кој нема никаква скриеност и кој и да се качи на него може да биде забележан, а тоа тајната служба и обезбедувањето кое му е дадено на Трамп не го забележало, отпосле го забележело, тоа е втор безбедносен пропуст. Третиот пропуст секако е тие не успеале да го најдат,а ФБИ на пет минути подоцна излезе дека тој е осамен и не е поврзан, нема мотиви, не е поврзан со никаква, што дополнително ги подгрева шпекулациите што американските медиуми што ја поддржуваат политиката на Демократите, го нарекуваат обид за атентат. Не ми е јасно како може пукање со боева муниција да биде обид за атентат, кога е ранет Трамп, уште двајца негови приврзаници, а еден е загинат на лице местол. Зошто тоа е обид за антентат, тоа е атенат. Така да многу работи ќе треба да чекаме наредниве денови да се искристализираат, изјави Андоновиќ.
Вели Трамп со вчерашниот случај покажува и дека е посремен од Бајден да ја преземе престседателската фунција.
-И сега што е пораката, Трамп крвав и ранет се обраќа, ја покажува својата психофизичка над Бајден, кој и во онакви услови кај што треба да е доминантен успева да ги греши имињата или да ќути додека треба да збори и сето тоа, што само покажува дека Бајден има сериозни психофизички поради своите години, а од друга страна Трамп кој иако е само три години помлад, ранет и крвав им се обраќа на граѓаните дека Америка мора да победи, вели Андоновиќ.
Со Дејан Андоновиќ разговараше Матеја Петровски
