Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Анализа: Актуелниот изборен модел ги јаде гласовите на малите партии

Поставеноста на изборниот систем, односно користењето на Донтовиот метод при пресметување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поставеноста на изборниот систем, односно користењето на Донтовиот метод при пресметување на мандатите, како и поделбата на државната територија во шест изборни единици без никаква дилема се проблеми кои ја намалуваат можноста за успех на малите политички партии и одат во корист на големите политички партии.

Лажното ветување во програмата на СДСМ дека ќе ја направат Македонија една изборна единица, само го продолжи долгогодишниот проблем со кој се соочуваат помалите партии, односно нецелосно вреднување на нивните гласови кои ги добиваат.

Практично значи дека во ваква состојба огромен дел од гласовите кои би ги освоиле помалите партии пропаѓаат, бидејќи самиот модел на 6 изборни единици, како што предупредуваат дел од експертите, е погубен за помалите партии.

Реклама
  • Многу гласови се губат, по некои груби проценки тоа оди до 80 000 изгубени гласови, односно придодадени гласови на дрхигте партии незаслужено. Затоа лично мислам дека е потребно да го измениме изборниот законик, да се вратиме на една изборна единица, но да поставиме еден минимален праг од 3 посто вели Климовски.

И професорот Владимир Божиновски со сличен став, треба да имаме една изборна единица и изборен праг, бидејќи вака гласот кој го добиваат помалите партии во секоја изборна еднициа различно вреди, а тоа не е демократски.

  • Системот со 6 изборни единици различно го вреднува гласот на граѓаните, со што дирекно задира во основниот демократски постулат, а тоа е дека еден глас вреди еднкаво за сите. Кај нас не е така, поради иселувањето, поради избирачкиот список во одредени изборни едници гласот вреди, можеби и двојно отколку други, вели Божиновски.

Триесет и шест пратеници од 120 во актуелниот собраниски состав доаѓаат од помалите партии, а најголем дел од нив се дел од коалициите со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Промена на изборниот модел одамна заговараат помалите партии, додека владејачките СДСМ, ДУИ, според досегашните постапки, само декларативно се согласни со ова барање. Дури и го ветија, но никогаш не го исполнија.