Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Аналитичари: Заканите на ДУИ „подготвени сме“ и „команданте тука сме“ се само обид за заштита на украдените пари

Суптилните закани на ДУИ од типот „подготвени ли сте?„ и „команданте тука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Суптилните закани на ДУИ од типот „подготвени ли сте?„ и „команданте тука сме„ се тешки кривични дела со кои се повикува на нарушување на уставниот поредок во Македонија, со единствен цел да се заштитат украдените пари. Аналитичари коментираат дека истрагите во МВР ја вознемирија елитата во Мала Речица. Поранешниот началник во МВР Ѓурчески порачува Врховниот суд и Обвинителството да ги преземат сите превентивни мерки, па дури и законско следење на комуникации за навремено и ефективно да се спречат индициите за дестабилизација на државата.

  • Владејачката елита во ДУИ, во партијата се спрема како да ги спасат украдените пари. Би ги повикал државниот јавен обвинител и Врховниот суд да обезбедат судски наредби за следење на комуникации се со цел докажување на кривични дела за насилно рушење на уставниот поредок на Македонија од самото спремање за една таква состојба за да органите кои се задолжени да ги преземат сите превентивни мерки и дејствија…за да се спречат намерите на едни криминални структури сакаат да го преземат“ вели Ѓурчевски.

Во остварување на нивната замислена цел, одат и инцидентите кои се предизвикуваат изминатиов период коментира Ѓурчевски. Од слоганите до најавите за протести за балансерот, сквернавењето на иконата на Исус кое што се случи во Драчево, како и инцидентот во црквата во Врапчиште се само дел од планраното сценарио.

  • Ова што ДУИ како реторика го користи во насока на поттикнување на расна, верска, национална омраза и.т.н. се кривични дела од противуставното уредување на државата. МИслам дека меѓународната заедница нема да ги поддржи тие планови на ДУИ “ коментира Ѓурчески.

Инаку, ДУИ по состанокот на раководството во Мала Речица викендов,со фотографија на партиски функционери порачаа дека се подготвени, за подоцна на социјалните мрежи да осамне слоганот „Дали сте подготвени?“ Во истовреме, пораки на трансперентни „Комеданте ние сме спремни“ беа поставени на две локации во Скопје. Иако партијата на Али Ахмети не кажуваат за што се подготвени утре да презентираат 100 дена како опозиција за да промовираат неуспеси, скандали, поткопување на новата Влада.

Реклама

Првиот човек на МВР, Панче Тошковски е дециден дека полицијата жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација на Македонија, а истрагите кои ги водат со соодветни докази ќе резултираат со кривични пријави.