Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Ана Карајанова Димитрушева: Град Скопје мора да биде гарант дека лицата со попреченост нема да бидат оставени сами пред бирократијата

Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева, во видео-обраќање најавува конкретни мерки за пристапни здравствени услуги и системска поддршка за лица со хронични состојби во главниот град, се посочува во соопштението од ДОМ.

„Како личност која долго се бори со хронична болест, знам дека вистинската грижа значи достапни услуги, предвидливи процедури и пристап до помош кога е потребна. Ќе инсистирам на воспоставување брзи канали за пристап до специјалисти и мобилни тимови за поддршка“, истакнува Карајанова Димитрушева.

Таа најавува и проактивна улога на градот во превенцијата и рехабилитацијата.

Реклама

„Град Скопје ќе финансира редовни превентивни прегледи, психосоцијална поддршка и програми за рехабилитација. Градот мора да биде гарант дека пациентите нема да бидат оставени сами пред бирократијата“, порачува Карајанова Димитрушева.

Карајанова Димитрушева додава дека не станува збор за милост, тука за основно човеково право.

„За достоинство. Ќе создадеме мрежа за поддршка што ја разбира реалноста на животот со хронични состојби“, порачува Карајанова Димитрушева, притоа упатувајќи повик до граѓаните ако сакаат грижата да стане дел од локалната политика да го заокружат бројот 8 на гласачкото ливче.

„Заокружете го бројот 8 — за здравје, достоинство и сигурност. За Коалицијата за зелена иднина“, упатува апел носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева.