Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, меѓу темите и поведената постапка на Уставниот суд за пензиите

Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Освен за поднесените амандмани, дебатата се фокусираше и на поведената постапка на Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што дојде до меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на амандман поднесен од СДСМ, спомена дека судијката Добрила Кацарска поднела претставка до Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што следеа контрареплики од опозицијата.

–  Продолжената рака на СДСМ во Уставниот суд поднела преставка до Уставниот суд за линераното зголемување на пензиите. Сега кога некој им ја зголеми пензијата на пензионерите за седум илјади денари, Кацарска сама поднесува преставка и сака на пензионерите да им ги земе покачувањето на пензиите. ако тоа не е парадокс, не знам што е, рече Стојановски. 

Реклама

Реплицираше Јованка Тренчевска која посочи дека Кацарска е судија известител, а не подносител на иницијативата и оти сите судии ја прифатиле иницијативата. Таа оцени дека Стојановски ја манипулира јавноста. Според неа, власта не сака независно судство, туку сака контрола над судството. 

Меѓусебните обвинувања продолжија и за тоа кој поранешен градоначалник од редовите на СДСМ имал стан на шести кат и тргувал со влијание за урбанистички план за што Стојановски најави дека ќе поднесе претставка до ДКСК.

Дел од репликите беа и забелешките од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ поднесува амандман со кој бара државни пари што ќе ги користи фирма во сопственост на братот на Венко Филипче со седиште во Дојран.

Во моментот во Комисијата е дадена пауза од еден час. 

Во претпладневниот дел беа разгледани и но не добија поддршка десеттина амандмани поднесени од опозицијата. Со нив се бараа дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и трговија и во конзуларно-дипломатските претставништва, пари за формирање на единствен национален информатички систем за повреди при работа, за субвенции за мали и средни претпријатијата кои спроведуваат циркуларна економија.