Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Амандманска расправа по Предлог на законот за соодветна и правична застапеност

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за соодветна и правична застапеност, во второ читање.

За предлог на законот поднесени се 31 амандман од пратениците Рина Ајдари од „Европски фронт“, Зијадин Села од Албанска лига и Фатмир Битиќи од СДСМ.

Основната цел на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата – соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции. Интенцијата е да се обезбеди доследна примена на овој принцип преку воспоставување јасни правила и механизми, кои ќе овозможат еднаков пристап до вработување и унапредување, како и фер и транспарентни постапки во јавниот сектор. 

Реклама

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали во образложение на предлог-законот истакна дека начелото за соодветна и правчна застапеност произлегува од Охридскиот договор и го карактеризира мултиетничкиот карактер на Северна Македонија. 

-Балансерот беше само дигитална алатка и делумно решение која не може да се спореди со едно сеопфатно законско решение. По 23 години ние како ВРЕДИ конечно го заокружуваме ова прашање со закон. Овој закон ја ужива поддршката од Советот на Европа бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, истакна Сали.

Според него, со овој закон Владата прави историски чекор во унапредување на Охридскиот рамковен договор и тој нуди неколку важи решенија, а се темели на реални податоци.

-Законот го штити правото на слободно самоизјаснување, но истевремено ја спречува неговата злоупотреба. Доколку се утврди злоупотреба ва оваа насока, кандидатите ќе бидат одбиени и ќе немат право да аплицират на јавните конкурси во период од три месеци, посочи Сали.

Предлог на законот за соодветна и правична застапеност е и на денешната седница на собраниската Законодавно-правна комисија.