Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар, соопшти Министерството за здравство.

– Со синдикатите сме на иста страна, во постојана комуникација сме, одржуваме редовни работни средби и заеднички се залагаме за унапредување на статусот на здравствените работници. Во духот на социјалниот дијалог, разговаравме и ги разгледувавме  можните аспекти за доработка на колективниот договор. Воедно, ги информирав претставниците на синдикалните организации за динамиката со која се одвива реализацијата на новите вработувања во здравството, кои беа привремено пролонгирани поради локалните избори, како и за трајното вработување на приватните специјализанти, истакна министерот Алиу.