Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Алиу: Од досега процесуирани десет компании со лиценци за медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање

Од досега процесуирани десет компании кои имаат лиценци за одгледување на медицинска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од досега процесуирани десет компании кои имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за една национална телевизија.

-Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот, изјави Алиу.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија на Министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката е сѐ уште е во тек.

Реклама

На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.

Алиу нагласи дека дека ќе се менуваат правилниците за регулирање на оваа дејност.