Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Алиу: Медицинската документација ќе се води дигитално, се подобрува пристапот на граѓаните до нивното здравствено досие

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот. Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна дигитализација на здравствениот систем.

Тој рече дека една од клучните новини е регулирање на Електронското здравствено досие за секој пациент, кое ќе претставува централен извор на сите здравствени податоци – од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги. 

Со новите законски решенија, посочи министерот, значително се подобрува и пристапот на граѓаните до сопственото здравствено досие, преку електронски портал или мобилна апликација, со јасно утврдени правила за пристап кај малолетни лица и можност за овластување друго лице. 

Реклама

– Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано, со што ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги за пациентите. Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“, појасни Алиу. 

Законот, потенцира Алиу, предвидува и техничка и семантичка интероперабилност на сите здравствени информатички системи, што значи дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат системи усогласени со Националниот систем, преку воведување сертифицирање на информатичките системи и задолжително евидентирање на секој пристап до здравствените податоци, со цел зголемување на безбедноста и транспарентноста. 

– Дополнително, за првпат се регулира интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство (mHealth) во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Предлог-законот предвидува и можност за секундарна употреба на анонимизирани здравствени податоци, исклучиво за цели од јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствени политики, при што е строго забранета секоја употреба што би можела да доведе до дискриминација, профилирање или економска штета за поединец, истакна Алиу. 

Со измените, како што рече, се предвидува и централизација и интеграција на здравствените регистри во рамки на Националниот систем, како и зајакнување на безбедносните стандарди, со обврска за здравствените установи да воспостават системи за управување со информациска безбедност и да пријавуваат евентуални безбедносни инциденти. 

-Предложените законски измени се делумно усогласени со најновите европски регулативи во областа на дигиталното здравство, вклучително и Регулативата за Европскиот простор за здравствени податоци. Со овој закон се поставуваат темелите за модерен, сигурен и интероперабилен систем за управување со здравствените податоци, кој ќе придонесе за подобар квалитет на здравствените услуги, поефикасно функционирање на здравствениот систем и поголема достапност на услугите за граѓаните, следејќи ги трендовите во оваа област, посочи Алиу. 

Тој додаде дека во финална фаза измените на 12 закони од областа на здравството, и како што се финализираат ги објавуваат и на ЕНЕР, каде веќе се поставени законите за здравствена заштита, за заштита од пушењето, за здравствено осигурување, а за Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидени новини во рамки на заложбите за дигитализација. рп/са/

Видеото може да го погледнете на следниот линк: